Дизелот ја удвои продажбата на спортскиот Ford Focus ST

Откако Ford го воведе дизелот со 185 КС, како алтернатива на стандардната бензинска верзија со 250 КС, продажбата на Focus ST се зголеми двојно. За десет месеци се продадоа 10.000 примероци од спортскиот модел.

Од почетокот на годинава, Ford појде по стапките на конкурентот Volkswagen и воведе дополнителна верзија со дизел мотор покрај класичната изведба на Focus ST со бензински мотор. Оттогаш продажбата на спортската верзија на Focus се зголеми двојно. Во првите десет месеци од годинава се продадоа вкупно 10.000 примероци од овој модел. Повеќето купувачи и натаму му даваат предимство на класичниот бензински модел со дволитарски турбо со 250 КС, кој учествува со 54 проценти во продажбата, додека останатите 46 проценти отпаѓаат на дволитарскиот дизел со 185 КС.

Освен со мануелен менувач со шест степени, дизелот е достапен и со шестстепен менувач со двојна спојка, кој стандардно се испорачува со команди зад воланот. Оваа варијанта на Focus ST моментно е најдинамичен модел со дизел мотор на Ford, со забрзување до сто за 7,7 секунди.

Покрај комбилимузинската изведба, Focus ST е достапен и во комби верзијата Turnier.

Претходна објаваКако да направите малечок скутер да звучи како бесна машина
Следна објаваTesla Model S назад во сервис поради дефект на безбедносните ремени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here