Детроит 2015: Втора генерација на електромобилот Chevrolet Volt

Новата генерација му донесе посилен погон, поголем досег и пониска тежина на електричниот автомобил на General Motors. Со полни акумулатори, Volt минува до 80 km.

Досегот е најголемото ограничување со коешто се соочуваат електричните автомобили. Chevrolet го решава тоа со нови литиум-јонски батерии со капацитет од 18,4 kWh коишто овозможуваат Volt да вози до 80 километри со полни батерии. Двата електромотора заедно постигнуваат моќност од 149 КС и испорачуваат вртежен момент од 398 њутнметри. По празнењето на батериите, на располагање стои 1,5-литарскиот бензинец со 101 КС, којшто со горивото во резервоарот може да измине до 676 километри. Во претходникот работеше 1,4-литарски бензинец со 86 КС. Забрзувањето до сто трае сега помалку од девет секунди, а крајната брзина е ограничена на 158 km/h.

Батериите се вградени пониско и полесни се за десетина килограми, со намалувањето на нивниот број од 288 на само 192 единици. Комплетното полнење на батериите на стандардниот напон во електричната мрежа од 120 волти во САД трае 13 часови, односно 4,5 часови со напон од 240 волти.

Целата погонска спрега е полесна за 45 килограми, а целото возило е олеснето за 100 килограми во споредба со претходникот и сега покажува 1,6 тон на вага. Подобреното искористување на просторот во кабината овозможува уште едно место за патници, така што новиот Volt се води како возило за пет лица.

По повлекувањето на Chevrolet од европскиот пазар е мала можноста новиот Volt да се појави во продажба од оваа страна на големата бара. Поради слабата продажба нема да се појави ниту близнакот од претходната генерација, Opel Ampera.

chevrolet volt 22

Претходна објаваДетроит 2015: Петстотини КС за Ford F150 Raptor
Следна објаваДесктоп верзијата на GTA V одложена за март

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here