за

Десет степени на пренос и дизел со 136 КС по литар работна зафатнина од VW

Мануелните менувачи имаат најмногу седум, автоматските девет степени. Volkswagen развива менувач со двојна спојка со ништо помалку од десет степени на пренос. Тоа штеди гориво и нуди повеќе комфор.

Шефот на Volkswagen, Мартин Винтеркорн, потврди дека концернот развива нова генерација менувачи со двојна спојка и со најмногу десет степени на пренос. Обете технологии се дел од плановите на концернот за намалување на емисијата на СО2. Точниот датум на влезот во сериско производство засега не е утврден. Менувачи со девет и десет степени на пренос развиваат заеднички GM и Ford, но таму станува збор за автоматски менувачи.

Новиот менувач со двојна спојка ќе се користи во широк дијапазон на модели, почнувајќи од најниската класа. Актуелните менувачи со оваа технологија се ограничени на седум степени на пренос. Зголемувањето на бројот на степени на пренос на менувачот по правило придонесува за намалување на потрошувачката на гориво, поради тоа што се овозможува постојано возење во оптималното подрачје на вртежи на моторот. Од друга страна, додавањето на степени на пренос може да доведе до зголемување на тежината на менувачот и на внатрешното триење во истиот. Volkswagen го надминува тој проблем во новите менувачи со двојна спојка.

Покрај новиот менувач DSG-10, Volkswagen развива и моќен дизел со специфична силина од 136 КС по литар работна зафатнина, што е повеќе од три-турбо дизелот на BMW кој моментно го држи рекордот. Високата моќ се постигнува со впрскување под притисок до 3.000 бари, односно 1.000 бари над актуелното ниво, но и со таканаречен Е-бустер, односно електро засилувач. Кај оваа техологија, турбо компресорот не се задвижува преку издувните гасови од моторот, туку со помош на струјата која што се произведува со повратокот на енергијата при сопирање.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Брачен пар обвинет за тргување со тајна технологија на GM

Дизел произведен од цревни бактерии