Некои патишта се толку опасни што мала грешка може да доведе до катастрофа. Таков е случајот со автобуската незгода во Црна Гора.
По тешката автобуска незгода во Црна Гора бројот на загинати достигна 19 лица. Четворица се во животна опасност. Уште 25 патници се повредени во незодата што се случи откако автобусот со двајца возачи и 46 патници излета од патот во кањонот на Морача длабок 40 метри, северно од главниот град Подгорица.
Преживеаните лица сведочат дека возачот управувал пребрзо со автобусот на влажниот пат. Овој пат е познат по опасните точки. Магистралата Е65, која што е долга 68 километри и ги поврзува Подгорица и Колашин, важи како најопасна делница во државата. Таа води покрај стрмни карпи и бескрајни тунели.
На многу места е избришана средишната лента, патот е оштетен, а во некои делови патот има само една лента. Заштитната ограда исто така е недоволна на некои свијоци. Поради тоа што во минатите години драстично се зголеми бројот на незгоди, државата планира нова и побезбедна делница.
Некои туристи и љубители на возењето посебно се фасцинираат од овие патишта, на кои што стравот е присутен на секој километар. Потребна е храброст, за возачот безбедно да извози до целта. Патот Јунгас или „Камино дел Муерте“ во Боливиските Анди е неприкосновено најопасна патна делница во светот.
Во продолжение десетте најопасни патишта во светот:
10
Автопатот Шринагар-Ле е долг 443 километри и минува низ индиската провинција Кашмир, меѓу другото и преку озлогласениот превој Зојила. Освен од вртоглавата висина, опасност доаѓа и од редовните одрони на карпи, непостоењето на заштитна ограда и од ненадејните снежни лавини
9
Искачувањето до Мачу Пичу во Перу се одвива по пат долг 8,9 километри од Агуас Калиентес. Покрај макадамскиот пат има безброј хотели и ресторани. Обврската за ланци за снег важи во текот на целата година
8
Државниот автопат 20 во сојузната американска држава Вашингтон минува низ идиличниот национален парк. Многубројните свијоци и стрмните искачувања го прават патот непрооден во текот на зимата
7
Патот Скиперс во близина на новозеландскиот гад Квинстаун е изграден пред 140 години од рударските работници. Првично тој бил наменет како планински пат за пренесување на стоката
6
Макадамскиот пат што минува низ долината Кинаур во Индија е тесен и стрмен, а оштетувањата на патот ретко се отстрануваат
5
Во Европа исто така не недостигаат патишта на кои што се предизвикува среќата. Најопасниот пат во Шпанија е МА2141, кој е долг 13 километри и води кон Са Калобра на Мајорка.
4
Средината е прекрасна, но тоа не ја намалува опасноста на патиштата D10 и D7 покрај Хорхе де Галамус, на границата меѓу француската провинција Оде и Пиринеите. Два автомобила можат да се разминат само на неколку места
3
Тунелот Гуолианг во провинцијата Хенан во Централна Кина води 1,2 километар по планиниата Ванксиан. Со висината од пет метри е сосема во ред, но ширината од четири метри е голем проблем. Поради тоа, често пати се случуваат незгоди
2
Патот Гранд Транк е меѓу најстарите магистрални патишта во Азија и се протега во должина од 2.500 километри низ Индија, Пакистан и Бангладеш. Тешки камиони го превезуваат товарот по каменестиот предел, возењето повеќе наликува на авантура
1
Патот на смртта со право го носи името. Преминот кој ги поврзува Ла Паз и Короико, води преку планина висока преку 4.000 метри, по пат што е долг педесетина километри