Благородната марка на Toyota за прв пат има компактен кросовер за соочување со европските конкуренти. Хибридниот погон не е единственото по што се разликува новиот NX.
1. Рачките во вратите немаат видлив отвор за клуч: Тоа е прв пат рачка со повлекување да се изведе на овој начин.
2. Електромотори за соборување на задната клупа: За прв пат во компакт сегментот е можно задната клупа да се соборува директно од местото на возачот, од багажникот и преку самата клупа.
3. Шимамоку дрво: Постапка на полирање на дрво со изглед на полиран челик, по пример на врвните концертни пијана на Yamaha. Површинската обработ спречува појава на рефлексии од рефлекторите на бината, заради спречување на деконцентрација на изведувачот. Lexus го примени „шимамоку“ за украсните панели во ентериерот на GS и во воланот на LS.
4. Безжичен полнач: Преку површината во средишната конзола може да се полнат паметни телефони со едноставно оставање врз површината, без потреба од кабел.
5. Панорамски приказ на возилото: Овозможува NX да се гледа како од птичја перспектива и да се провери средината пред поаѓање, при маневрирање на паркинг или при совладување непрегледна пречка на терен.
6. Командна површина на допир: Лоцирана во средишната конзола, оваа површина овозможува извршување на помошните функции со едноставно ракување со прст, без одвлекување на вниманието на возачот.
7. Врвно просторно озвучување Mark Levinson со Clari-Fi, премиерно во автомобилскиот сектор: Системот го анализира и го подобрува квалитетот на звукот на сите типови на компримиран, дигитализиран музички запис.
8. Нова генерација на линеарна соленоидна приспособлива суспензија: Бројот на степени на приспособување на амортизацијата според условите на возење е зголемен од 9 на 30 степени.
9. Напреден систем за активна безбедност со приспособлив темпомат и самостојно запирање при неизбежен судир.
















