Купето од серијата 2 на BMW напролет ќе стартува со нов основен мотор со три цилиндри. Има и други промени.
Најмалечкото купе на BMW од март ќе вози со нов основен мотор. Трицилиндарецот со турбонатполнење и зафатнина од 1,5 литар во моделот 218i Coupe ќе ослободува 136 КС и вртежен момент од 220 Nm. Според BMW тоа е доволно за спринт до сто за 8,8 секунди и крајна брзина од 212 km/h. Потрошувачката во пшросек изнесува 5,1 литри.

















