Дваесет автомобили пропаднаа во земја во Фиренца

Во кратер долг двестотини метри во италијанската метропола на уметноста утринава пропаднаа дузини автомобили. Причина за пропаѓањето на асфалтот била несанирана водоводна цевка.

Жителите на Фиренца утринава имаа непријатно изненадување. Среде центарот на италијанската меторпола на уметноста, утрово пропаднала цела улица, заедно со автомобилите паркирани на неа. Во кратерот долг двестотини метри и широк околу седум метри, во непосредна близина на прочуениот мост „Понте Векио“, пропаднале дваесетина возила во вода и кал. Пропаднатата улица води по текот на реката Арно и се наоѓа директно спроти музејот во којшто меѓу другото е изложена и „Раѓањето на Венера“ од ренесансниот сликар Ботичели.

firenca auta 2

Незгодата се случила во време кога не можела да предизвика човечка штета. Улицата пропаднала рано утринава околу шест часот. Повредени нема, но материјалната штета е енормна. Од безбедносни причини, музеите на Палацо Пити цел ден беа затворени. Многубројните туристи во градот не ја пропуштиле можноста да ја овековечат необичната глетка. За извлекување на дел од автомобилите пропаднати во калта морало да се користи и кран.

Причина за незгодата е дефект на водоводната цевка под улицата, кој предизвикал пукање на асфалтот. Водоводната служба била повикана уште на полноќ, за дупката набрзо да се прошири до 70 сантиметри. Во текот на денот се појавиле уште неколку кратери, по што е формиран кризен штаб, а од станарите е побарано да ги напуштат своите домови заради безбедносни причини.

Претходна објаваBentley викендов се враќа во Зелениот Пекол
Следна објаваPeugeot најавува единаесет електромобили и хибриди до 2021 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here