за

Грчкиот буџет ќе го спасуваат возачите на скапи автомобили

Атина бара сопствениците на луксузни возила да се жртвуваат за спас на државната економија.

Владата во Атина очекува да собере 130 милиони евра во државната каса од специјалната давачка што се планира да се воведе за сопствениците на возила од средната и луксузната класа. За да се спречи натамошното продлабочување на кризата и зголемувањето на дупката во државната каса, сите сопственици на возила со старост до пет години и мотор со работна зафатнина до два литри ќе треба годишно да и плаќаат на државата специјална такса од околу 420 евра. За оние што имаат поголеми автомобили и мотори со зафатнина над 2,6 литри, соодветно расте и обврската кон државата во висина од 1.420 евра. За сопствениците на возила како класата S на Mercedes или серијата 7 на BMW, нема да претставуваат проблем 5.380-те евра што грчката влада смета дека им ја должат богатите.

Во полнењето на буџетот ќе учествуваат и сопственици на базени со површина поголема од 30 метри квадратни и со годишно задолжение за 960 евра кон државата. Во следните денови парламентот во Атина ќе решава за новиот закон, кој не ги пропушта ниту сопствениците на хајти, хеликоптери и авиони. Принципот: Сите што имаат пари, имаат пари и за давање.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Брзо полнење на батериите без кабел

Кога моторот ќе прегрее – пуштете го греењето до крај