за

Големиот подвиг на малечкиот автомобил

Fiat Panda можеби е малечка на изглед, но е голема во достигнувањата. Таа го постави светскиот рекорд за непрекинато возење од Кејптаун до Лондон и заслужено ќе дефилира на идните настани на британската филијала на Fiat.

Авантуристите Филип Јанг и Пол Брејс ги извозеа 16-те илјади километри за рекордно време од 10 денови, 13 часови и 28 минути. Како награда за големиот потфат, возачот Јанг доби нова Fiat Panda Trekking за приватно користење.

„Почестен сум што ќе ја возам новата Panda Trekking,” изјави Филип. „Поминав доста време зад воланот на Panda и среќен сум што ќе продолжам со тоа. Оваа Panda што ја возевме од Африка нé одушеви, таа не запре ниту еднаш, без оглед на тешките услови.“

На единаесетдневната авантура, Филип и Пол мораа дневно да возат во просек по 1.600 километри со просечна брзина од 65 километри на час, што очигледно не беше проблем за двоцилиндарскиот мотор со турбонатполнење и зафатнина од само 0,9 литри во Panda. Единствени измени во споредба со стандардната изведба беа поголемиот резервоар, заштитата на картерот, засилени пружини и амортизери, како и вшмукување подигнато над хаубата.

Рутата до Британија минуваше низ Јужна Африка, Боцвана, Замбија, Танзанија, Кенија, Етиопија, Судан, Египет, Либија и Тунис, по што тимот го премина Медитеранот и преку Италија и Франција го заврши долгото патешествие во лондонскиот Хајд Парк.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секоја петта нова Toyota е со хибриден погон

Tata Nano – Најевтиниот автомобил на светот е голема утка