Големиот брат на Yeti

Стратегијата на развој на модели во Skoda гласи: Поголемо и поинтелигентно. Оваа стратегија сега ќе се испроба и во сегментот на компактните теренци. Новиот модел ќе го носи името Snowman и ќе се најде во салоните во 2016 година. Техниката потекнува од втората генерација на Volkswagen Tiguan, чија што премиера се очекува догодина.

Во споредба со компактниот теренец од матичната марка, Skoda Snowman ќе биде поголем и со повеќе простор. Покрај верзија со пет седишта во план е да се понуди и седумсед. За погонот ќе бидат задолжени бензинци во дијапазон меѓу 150 и 220 КС, како и два дизела со моќност меѓу 150 и 184 КС. Се планира да се понуди и плаг-ин хибрид.

Претходна објаваФабрика тврди 5 литри – реалноста покажува 7 литри
Следна објаваAston ќе се трка со парна машина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here