за

Германците се Јапонци и за самовозечките автомобили

Модерните автомобили се изум на Германците и тука нема двоумење. Најмодерните автомобили по ново учат да возат сами, а Германците и за нив имаат технолошки одговор.

Автомобилите што управуваат самостојно мораат да се ориентираат во просторот исто како и ние луѓето. Но, класичниот систем за навигација е недоволно прецизен за оваа примена. Како тоа да не беше очекувано, германските научници развија технологија што работи попрецизно.

Навигациските системи ја одредуваат положбата на возилото точно до метар. Тоа е доволно за планирање на рутата за патување, но не и како основа за автономните возила. Германскиот центар за аеронаутика пронајде систем што работи подобро.

Место положбата на возилото да се одредува преку сателит, научниците на центарот предлагаат актуелната позиција да се одредува преку обележјата во средината. За тоа може да се користат бандерите, рабовите на зградите или оградите на мостовите. Предуслов е положбата на овие обележја да се одреди претходно со голема прецизност, со помош на сателити. Преку овие обележја во средината може да се постигне прецизно одредување на локацијата со триангулација, односно ориентирање во однос на три точки.

Возилото ќе ги препознава овие земјини обележја со помош на вообичаените сензорски системи, на пример со камера или со радар. Освен автомобилите, истата техника би ја користеле и беспилотните летала и бродовите. На тој начин светот повеќе не би зависел од намерно непрецизните податоци на американските сателити.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По серијата пожари: Кому му пречи успехот на Tesla?

Кинеската престолнина го чисти воздухот со лотарија