Според истражувањето на клубот АДАК, купувачите на возило со цена до 10.000 евра се најсреќни со Dacia Logan MCV. На второто место е Ford Fiesta, а на третото уште еден модел на Dacia.
Кај возилата со цена до 10.000 евра, купувачите се најзадоволни со комби моделот на Logan. Тоа е резултатот од истражувањето што го спроведе најголемиот европски клуб АДАК. Со значителен заостаток, на второто место е Ford Fiesta, додека на третото место е уште еден модел на евтината марка на Renault, комбилимузината Sandero. Последен е Suzuki Alto. Неговите сопственици негодуваат најмногу за потешкотиите при ракувањето и за комфорот.

Највисоките три места останаа недостижни за моделите од сегментот на мини возилата, кои застапуваат најголем дел од сегментот. На четвртото место е Toyota Aygo, чии што сопственици ја ценат најмногу штедливоста и евтиното сервисирање. Потоа следуваат Renault Twingo, Citroen C1 и Kia Picanto.
Истражувањето на клубот беше спроведено преку неговата страница на интернет, при што повеќе од 20.000 лица ги искажаа искуствата и задоволството од нивниот автомобил. Покрај задоволството од возилото, во истражувањето се оценуваа и сервисирањето, дефектите, купувањето на возилото, како и плановите за купување на следниот автомобил.
Истражување на АДАК
Единаесет автомобили во сегментот до 10.000 евра
Место | Модел | Процент на задоволни сопственици | Цена во ЕУ (во евра) |
1 | DaciaLogan MCV | 74,2 | 7.990 |
2 | Ford Fiesta | 69,5 | 8.990 |
3 | Dacia Sandero | 69,4 | 6.990 |
4 | Toyota Aygo | 68,9 | 8.990 |
5 | Renault Twingo | 66,4 | 9.990 |
6 | Citroen C1 | 65,0 | 9.550 |
7 | Kia Picanto | 64,3 | 8.990 |
8 | Ford KA | 63,2 | 7.990 |
9 | Fiat Panda | 61,8 | 8.990 |
10 | Chevrolet Spark | 61,5 | 8.990 |
11 | Suzuki Alto | 59,5 | 8.990 |