за

Германците плаќаат во просек 36.500 евра за нов автомобил

Германските возачи планираат да издвојат во просек 36.545 евра за нивниот следен автомобил. Тоа е резултатот од анкетата што ја спроведе магазинот auto motor und sport.

Колку се далеку автомобилските стандарди на Германците покажува последната анкета што култниот магазин auto motor und sport ја спроведе меѓу 1.537 свои читатели. Само 17 проценти од анкетираните возачи можат да издвојат максимално 15.000 евра за следниот автомобил, додеа 26 проценти планираат меѓу 15.000 и 25.000 евра. Најголемата група сепак ја сочинуваат идните сопственици на возила вредни меѓу 25.000 и 40.000 евра, на која што отпаѓаат околу 28 проценти од анкетираните. Тие што можат да си дозволат уште поскап автомобил исто така не се малку, точно 12 проценти во блиска иднина ќе имаат автомобил за кого што ќе платат меѓу 40.000 и 50.000 евра. Тоа е сепак помалку од возачите од следната група: 16 проценти од анкетираните планираат буџет поголем од 50.000 евра.

Ќе минат многу години додека вредноста на овие автомобили падне на нивото што можеме да си го дозволиме тука, да ги увеземе како користени. Дотогаш, Германците веројатно ќе летаат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследникот на Mercedes SLS AMG ќе вози против Porsche 911 Turbo

Ако Mini не го прави, ќе го направат Австралијците