за

Германски Билд: Хигиеничар украл во BMW толку што куќата ќе му паднела

Извесен Исмаил О. (58) работел како чистач во BMW во Милбертсхофен, Минхен, од каде што со месеци крадел промотивни материјали. Украдени се тони предмети.

Најтиражниот германски дневник Билд, објави вест за хигиеничарот што работел во поширокиот круг на BMW во Милбертсхофен, во непосредна близина на седиштето на баварскиот производител на автомобили во Минхен. Исмаил О., на свои 58 години, однел од своето работно место толку предмети во својот дом, што делови од повеќесемејната куќа биле во опасност да се урнат под товарот од украдената стока. Полицијата користела камион од 7,5 тони, за украдените предмети да ги однесе од домот на вредниот хигиеничар.

Авторите на објавата, Лена Вурценбергер и Карл Кајм, ја наведуваат изјавата на сосетката: „Исмаил со години живее тука и секогаш помагаше многу. Тој му даваше совети на мојот син, како да го поправи автомобилот“.

Хигиеничарот прво паднал во очи кога обил шест автомати за цигари во кругот на фабриката на BMW во Минхен. Вработен во обезбедувањето го пријавил случајот во полиција уште во март лани.

Сведокот видел на камерите за надзор како човек во мантил краде од автоматите. Истиот тој мантил подоцна бил пронајден во домот на Исмаил О. Брзо се покажало дека чистачот не ги „чистел“ само цигарите, туку од магацините крадел и предмети што BMW ги користи за рекламирање и промовирање. Од тие магацини се покриваат потребите на BMW Welt, светскиот центар што е посветен на марката BMW и се наоѓа веднаш до управната зграда во Минхен.

Полицијата буквално открила цела планина предмети при претресот во домот: Облека, чадори, пепелници, ранци, куфери, малечки автомобили. Овој 58-годишник имал толкав плен, што била загрозена статиката на куќата. Од полицијата коментираат: „Од безбедносни причини беше прекинат претресот.“ Вклучена е градежната инспекција.

За украдената стока да се одвезе од повеќесемејната куќа, бил ангажиран камион. Вкупната вредност на украдената стока се цени на 50.000 евра за рекламните предмети и 10.000 евра за цигарите.

Мајсторот повеќе не работи за BMW. Тој е однесен на психијатриска клиника.

Линк до веста на Билд:

https://www.bild.de/regional/muenchen/muenchen-aktuell/hausmeister-aus-augsburg-klaut-bei-bmw-haus-droht-einzustuerzen-82758778.bild.html

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден од секои два нови автомобили во Европа има електромотор во погонот

Јануарската продажба на Kia девет проценти во плус