Јануарската продажба на Kia брои 232.437 примероци, што е за девет проценти подобро во споредба со првиот месец лани. На домашниот пазар на марката се испорачани близу 17 проценти од вкупната продажба, останатите 193.456 возила се продадени на извозните пазари на Kia.
Најбаран модел на Kia во јануари останува компактниот СУВ-модел Sportage со 32.521 примероци. Едно од секои седум продадени возила под знакот на Kia во првиот месец од 2023 година, било Sportage. Втор модел е Seltos, исто така СУВ-модел, што постигнува одличен успех во САД и со пазарното позиционирање одговара со европскиот Stonic. Вкупно 27.075 примероци се продадени од овој модел. Трет најпродаван модел е престижниот СУВ и знаменосец Sorento, со 16.386 примероци.
Продажбата во јануари напредуваше најдобро во Северна Америка, Европа, на Средниот Исток и во Африка. Планот за 2023 година е да се пласираат 3,2 милони возила на светскиот пазар. Главното внимание на Kia годинава е посветено на лансирањето на нови модели, главно на луксузниот и технолошки супериорен модел EV9, голем СУВ со чисто електричен погон.
На извозните пазари е постигнат раст од 9,9 проценти во споредба со јануари лани, со вкупно 193.456 продадени возила. Извозот брои 27.029 примероци од Sportage, втор е Seltos со 23.709 примероци, на третото место е K3, од којшто се продадени 14.865 возила надвор од Кореја.
Големиот СУВ со електричен погон Kia EV9 е главната новина годинава
На домашниот пазар на марката, во јануари се испорачани 38.678 возила, што е раст од 4,8 проценти во споредба со лани. Продажбата во Кореја ја предводи луксузниот ван Carnival, со 6.904 возила. Таму Sportage е втор најпродаван модел, со 5.492 примероци, а третото место му припаѓа на знаменосецот Sorento, со 4.611 примероци.
Kia очекува дека тесното грло во снабдувањето со микрочипови ќе попушта постепено во текот на годинава. Во чекор со подобрувањето на пазарните услови, компанијата цели кон зголемување на продукцијата, лансирање нов модели и зголемување на профитабилноста. Покрај нови електрични модели, Kia годинава ќе лансира и нови услуги на мобилност.
Kia Sportage на дело: По стариот пат преку Богомила до Прилеп