за

Германските марки продаваат во Кина исто колку во ЕУ

Во првото полугодие германските марки продадоа 1,7 милион автомобили во Кина, додека нивната продажба во 27-те земји на ЕУ во истиот период достигна 1,9 милион.

Според експертите, до 2015 година германските марки ќе продаваат на кинескиот пазар повеќе автомобили отколку на матичните пазари во Европа. Според тоа, натамошниот успех на автомобилската нација е предодреден од продажбата на кинескиот пазар. Најголем удел во продажбата во големата азиска земја има Volkswagen. Марката од Волфсбург постигнува дури 40,2 проценти од својата продажба во големата азиска земја. Mercedes, пак, продава најмалку возила од својата продукција во Кина, само 14,3 проценти. Меѓу овие две марки се позиционираат BMW/Mini, Porsche и Audi. Моментно САД се најголем пазар на автомобили во светот, а веднаш по нив е Кина.

Претпоставките на некои експерти дека борбата за освојување на кинескиот пазар ќе влијае врз конципирањето на автомобилите на германските марки се далеку од основани. Кинезите ги купуваат германските автомобили затоа што ги ценат како такви.

germanski marki vo kina

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Половина од колите се распаѓаат по истекот на гаранцијата

Германски адвокат ќе го спасува Fisker