Не се колите тоа што им смрди на Кинезите, туку неуспехот на нивните производители на возила.
Благородните марки Audi, BMW и Mercedes мораат да се борат против растечкиот политички притисок во Кина. Познавачите на браншата и пазарните аналитичари сметаат дека обвинувањата за користење на материјали што се опасни по здравјето во моделите од овие марки, кои неодамна беа изнесени на државната телевизија, не се ништо друго освен сопки од политиката. Тоа што им пречи на кинеските политичари е само успехот на германските марки на тамошниот пазар, особено покрај катастрофално слабата продажба на возила од кинеските марки.
Медиумите на големо ги напаѓаат странските фирми и шират негативно расположение. Но, обвинувањата веројатно нема да сменат ништо. Разликата во квалитетот меѓу странските и кинеските автомобили е толку голема што политичките удари нема да предизвикаат пад во продажбата.
Политичката ситуација со странските производители на автомобили во Кина ќе продолжи да се вжештува. Денес Volkswagen почнува акција за повикување на 384.000 возила во сервисните работилници, поради проблеми со менувачите со двојна спојка. Официјално се работи за доброволен потег.
Според изјавите на главните луѓе од лабораториите во Универзитетот Пекинг, битуменот, како смеша од нафта и разни органски супстанци, предизвикува непријатен мирис во изолациските материјал и предизвикува чувство на замор и вртоглавица кај патниците во возилата на Audi, BMW и Mercedes. Лошата ментална состојба водела и кон предизикување опасност во возењето. Во прилогот на државната телевизија, возач на BMW се жали дека за ослободување од непријатната и опасна миризба во неговиот автомобил морал да плати 100.000 јуани, односно околу 12.000 евра.
Сите реагираат различно кога треба да се спасува домашната индустрија. Американците, сепак, се ненадминати шампиони во тој поглед. Ете го примерот со Toyota, само како потсетување.