за ,

Германска педантерија: Кои марки имаат најверни клиенти?

Колку што се педантни во техниката, толку се педантни и во статистиката. Германците проверија кои марки имаат најверни клиенти на нивниот пазар. Кои марки ги губат клиентите, кои ги освојуваат од конкуренцијата?

Во услови на остра конкуренција, постојано се наоѓаат марки чие што пазарно учество е во пораст, исто како и марки што го губат пазарот. Истражувањето на институтот Dataforce открива кои се тие марки во актуелните услови на германскиот пазар. Според статистиката, продажбата на Ford во тековната година се зголемила за дури 44 проценти!

Аналитичарите на институтот сакаа да дознаат од каде доаѓаат овие купувачи кај Ford. Одговорот: Од Ford. Поголемиот дел од возачите што претходно возеле модел од марката со модрата слива продолжиле да ја возат марката, односно повторно купиле Ford. Точно 59 проценти од сегашните сопственици на модел од марката од Келн и претходно ја возеле истата марка. Дополнително, шест проценти доаѓаат од марката Opel, додека пет проценти од Volkswagen.

Марката Kia, чија што продажба на германскиот пазар во тековната година е за три проценти над лани, исто така ги освојува купувачите на Opel и Volkswagen. Тоа сепак не претставува причина за загриженост кај гигантот од Волфсбург. Според аналитичарите, марката Volkswagen го освоила најголемиот дел од купувачите што решиле да ја променат претходната марка.

Групацијата Volkswagen има изгубено повеќе клиенти кај сопствените марки. Растот во продажбата кај сестринските марки Seat (+22%) и Skoda (+8%) во најголем дел е постигнат со преоѓањето на клиентите што претходно возеле модел на марката Volkswagen, односно 17 проценти од новите возачи во Seat претходно имале Volkswagen, додека кај Skoda се работи за дури 18 проценти.

Сличен тренд се открива и кај ромаската марка Dacia, која што во оваа година расте за 1 процент. Дури 16 проценти од новите возачи на Dacia претходно возеле модел на Renault. Аналитичарите забележуваат интересен тренд и кај Hyundai. Корејците се под ланската продажба, но затоа можат да бидат задоволни што презеле 1.715 клиенти на Volkswagen, а во исто време изгубиле само 350.

Очигледно е дека располагањето со статистичките податоци за продажбата на возила и промената на сопственоста на возилата може да даде не само интересни, туку и корисни заклучоци. Статистиките кај нас, за жал остануваат заклучени во фиока – настрана од тоа што продажбата колабира. Во Македонија се чини дека е поважно да се следат навиките на корисниците на фејсбук, отколку да се преземаат мери за спасување на пазарот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Романскиот Hummer е премногу моќен за оваа планета

Opel и Peugeot веќе се разделуваат?