за

Германската пошта доаѓа на струја

Поштарите во германскиот град Бон ќе ги разнесуваат пратките со автомобили со погон на струја. Дел од возилата се развиени од сопствените техничари на поштата.

До крајот на годината во Бон и во неговата околина ќе стартува проектот со 79 возила за достава на пошта со погон на струја. Се планира до 2016 година бројот на возила со чистиот погон да се зголеми на 141. Моментно во градот и околината се користат 130 доставни возила со обичен погон.

Меѓу електричните автомобили што ќе се користат во иднина се планираат големиот транспортер Iveco Daily Electric, доставното комби Mercedes Vito E-Cell и Renault Kangoo Z.E., како и Street Scooter – самостојно развиено возило од страна на Дојче Пост во соработка со Техничкиот Универзитет Ахен. По завршувањето на проектот, зависно од стекнатите искуства, возилата со погон на струја ќе може да се користат и за другите служби на поштата.

Специфичните барања на поштата се возилата да совладуваат до 200 запирања и поаѓања дневно и да бидат ангажирани 300 денови во текот на годината. Покрај тоа, возилото мора да поседува доволно простор за писма и пакети. Високите брзини на возење не се поставуваат како услов, сосема се доволни 85 километри на час. Во поглед на досегот со едно полнење батерии, поштата предвидува минимум од 120 километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студија: Издувните гасови ги зачепуваат артериите

VW Beetle GSR: Пчеличката Маја