Германец го купи својот 70-ти автомобил од марката Porsche

Рајнер Рекер (втор од лево) добива посебни почести од дилерската мрежа на Porsche во Германија за својот 70-ти автомобил од марката

Рајнер Рекер е најверниот купувач на Porsche во светот. Овој сопственик на фабрика за слатки во Германија го купил првиот Porsche во 1963 година. Неговиот последен избор е Cayenne.

Германецот Рајнер Рекер уште во раната младост ја развил својата пасија за автомобилите од Цуфенхаузен. Кога тој ги купувал првите свои автомобил од марката Porsche, татко му морал да се потпишува на договорите. Како што раскажува сопственикот на познатата марка слатки „Хајлеман“, татко му во почетокот постојано се противел, но по неколку чашки вино, Рекер секогаш успевал на крајот да го убеди татка си.

Шефот на Ferrari не верувал дека еден човек може да купи толку возила од Porsche

Купувањето Porsche е „издувен вентил“ за напорната работа на Рекер. Тој никогаш не се интересирал за спортските автомобили од другите марки и ја раскажува анегдотата при една посета на салонот на автомобили во Франкфурт: „На салонот го слушнав разговорот меѓу тогашните шефови на Ferrari и Porsche, Лука ди Монтеземоло и Венделин Видекинг.“ Шефот на германската марка тогаш се пофалил дека Porsche има клиент што купил 50 автомобили од марката. Монтеземоло не можел да поверува во тоа и кажал дека не познава клиент што има купено толку автомобили од Ferrari. „Јас стоев покрај нив и само додадов дека јас сум тој со многуте автомобили“, се потсеќа Рекер. Оттогаш Италијанците постојано се обидувале да го привлечат успешниот бизнисмен во својот круг на купувачи. „Но, тоа не е за мене. Останувам верен на Porsche. Во меѓувреме, Рекер има купено уште 20 автомобили од германската марка.

Пасијата сепак не е единствената причина што Рекер во сиве овие години останал верен на Porsche. „Секогаш ми е важно да добијам добра цена за користените автомобили“, објаснува Германецот. Porsche секогаш му излегува во пресрет на Рекер во овој поглед.

Претходна објаваVolkswagen може да извлече 272 КС од еднолитарскиот TSI
Следна објаваХибридите на Toyota испорачуваат струја во Јелоустоун

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here