Галатасарај стана тим на Opel

Турскиот клуб Галатасарај Истанбул вечерва ќе се најде пред еден од најголемите предизвици во својата историја. Во четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампиони, клубот ќе игра против Реал Мадрид. Влезот во четвртина финалето за Галатасарај е продолжение на успешната традиција. Со освоени 18 национални шампионати и 14 купови, Галатасарај е најуспешен и најпопуларен фудбалски клуб во Турција. Тоа е доволна причина за Opel да склучи договор со врвниот клуб.

Претседателот на клубот, Унал Ајшал и главниот менаџер на Opel во Турција, Ошчан Кеклик, потпишаа спогодба со која што турскиот клуб стана тим на Opel. Покрај тоа што ќе ги покрива потребите на тимот со автомобили, Opel ќе спроведува и обемни рекламни активности со Галатасарај. На интернационално ниво, Opel е во партнерство и со холандскиот клуб Фејнорд Ротердам.

Претходна објаваVolvo менува петка за четворка
Следна објаваТест • Toyota Auris 1.6 Valvematic Luna

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here