за

Враќање на легендата: Honda CRF1000L Afrika Twin

Фановите на робусните ендура чекаа долго, но сега дојде и тој момент. Кон крајот на годината Honda ќе го претстави новото издание на легендарниот Afrika Twin, единствен во семенгот со опција за менувач со двојна спојка.

Враќањето на легендата меѓу ендуро мотоциклите беше навестено уште пред крајот на минатата година, кога Honda го претстави прототипот True Adventure на салонот во Милано. Најголемиот производител на мотоцикли во светот сега и официјално го потврди пристигањето на новата генерација на CRF1000L Afrika Twin кон крајот на годинава. Со моторот со работна зафатнина од еден литар, новиот Afrika Twin ќе располага со значително поголема моќност и повисок вртежен момент од претходниците XRV650 од 1988 година и XRV750 од крајот на 1989 година, иако Honda засега не ги објавува деталите. Може да се очекува дека јапонскиот модел според цената ќе се отиентира според актуелниот пазарен лидер во сегментот BMW R 1200 GS, којшто располага со 125 КС и чини околу 15.000 евра.

Првиот Afrika Twin во чест на четирите последувателни победи на Париз-Дакар

Исто како претходниците, новиот Afrika Twin ќе понуди совршен мотоцикл за авантури, со робусна конструкција и проодност по секаков терен, но комфорен и лесно управлив. Honda го претстави првиот Afrika Twin во 1988 година, како одбележување на успесите на верзијата NXR750V на познатото рели Париз-Дакар. Фабричките возачи на Honda четири пати во континуитет победија на ова исклучително тешко рели во периодот од 1986 до 1989 година.

XRV750 Africa Twin
XRV750 Africa Twin

Во 1989 година, Honda ја зголеми работната зафатнина за 100 сантиметри кубни кај XRV750. Со водено ладениот V-Twin со шест вентили и зафатнина од 742 сантиметри кубни, тој беше предводник на сегментот на патнички ендура којшто и денес ужива голема популарност. Со моќност од 61 КС и вртежен момент од 63 њутнметри, со долги одови на амортизерите, голем резервоар, предно тркало со пречник од 21 инч и сопирачки со два диска, Afrika Twin беше одлично подготвена за секаков терен. По две модификации, XRV750 Afrika Twin продолжи да се произведува до 2003 година.

Пристигањето на новиот Afrika Twin повторно е поврзано со враќањето на јапонската марка на теренските трки. По 24-годишно отсуство, тимот HRS во 2013 година се врати на релито Дакар, со специјално конструираниот CRF450 Rallye. Новиот модел со еднолитарски мотор ќе биде единствен во сегментот со можност за доплата за менувач со двојна спојка. Актуелниот степен на развој на полуавтоматскиот менувач без потреба од ракување со спојката ќе воведе револуција и кај теренските модели. Овој менувач веќе учествува со повеќе од половина во продажбата на моделите VRF1200X, VFR1200F, NC750X и NC750S.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиера на Chevrolet Camaro: Причината зошто ги сакаме американските автомобили

Porsche 911 GT3 R за приватни тркачи вреден 430.000 евра