за

Во „Светот на тјунингот“ успеваат само најбрзите и најсилните

Единаесеттото издание на Светот на тјунингот на Боденското Езеро е настан што не смее да се пропушти: 212 изложувачи, 152 клубови и преку 1.000 тјунирани возила. Жешки девојки покрај студениот метал се подразбираат.

Тоа што салонот во Женева е за производителите на автомобили, за љубителите на светот на четири тркала кои сакаат да стават сопствен печат на своите автомобили е Светот на тјунингот. Со одржувањето на овој настан се одбележува почетокот на сезоната на клубски средби и на новите понуди од производителите на опрема за тјунирање и од тјунерските работилници. Од 9-ти до 12-ти мај, покрај Боденското Езеро во Германија, во близина на Фридрихсхафен, се собраа на едно место 212 изложувачи, 152 клубови и приватни тјунери да ги прикажат најновите трендови на сцената на тјунингот. Тоа што му дава посебен печат на настанот е спојот на автомобили, жешки девојки и непрекината забава.

Веќе одамна Светот на тјунингот престана да биде само платформа за собирање на индустријата за тјунинг. Во оваа година учествуваа речиси сите поголеми производители на гуми, бандажи, аудио опрема, добавувачи на автомобилската индустрија и производители на прибор, за да остварат директен контакт со крајните потрошувачи и со професионалците од браншата.

На дрифт-шоуто на производителот на гуми Falken секоја година се потврдува одново дека врвниот дрифтинг наидува на сé поголем број обожуватели. Моторите завртени до максимум, брефтањето од дебелиот издув, чадењето на гумите и мајсторското владеење со возилото е тоа што ги одушевува посетителите на саемот. Кога ќе се види како тоа го прават мајсторите во Фридрихсхафен, станува јасно дека целта на дрифтингот не е да се малтретираат гумите, туку да се предизвика контролирано лизгање на опашот.

Што сé се случуваше во Светот на тјунингот, надобро откриваат галериите.

[nggallery id=48]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прво возење: Dacia Sandero, Sandero Stepway и Logan

ЕУ притиска за пореални вредности за потрошувачката