за

Во Луксембург се вози со најмногу коњски сили

Возачите во богатата држава во срцето на Европа имаат автомобили со најмногу коњски сили. Потоа следат Швеѓаните и Германците. Најсилна марка е BMW, најслаба Fiat.

Возачите во Луксембург имаат автомобили со најмногу коњски сили во споредба со другите западноевропски држави. Просечната моќност на автомобилите што биле купени лани во оваа земја изнесува 148 КС, а просечната работна зафатнина на моторите 1,87 литар. На второто и третото место следат Швеѓаните и Германците. Во скандинавската држава се вози просечно со 139 КС и 1,79 литар работна зафатнина, додека во Германија вредностите се 137 КС и 1,76 литар.

Останатите земји заостануваат значително зад водечката тројка. Просекот на земјите во Западна Европа изнесува 121 КС и 1,64 литар. Најскромни во изборот на автомобил во поглед на моќноста се Данците. Нив им се доволни 98 КС и 1,4 литар работна зафатнина.

Марка со најсилни мотори во просек од сите продадени возила во Европа е BMW. Нивниот просек е 188 КС и 2,17 литри зафатнина. Потоа следат Mercedes и Audi, со голема предност пред марките од обичните сегменти. Најслаби автомобили продава Fiat. Италијанците во просек имаат 84 КС и 1,35 литар зафатнина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салон во Токио: Suzuki го подготвува наследникот на Jimny

По дебаклот на Tesla: Колку е безбеден електричниот Volkswagen Up?