за

Во Лондон е хит изнајмувањето возила на улица

Светскиот лидер во слободно изнајмување возила car2go наиде на огромна прифатеност во островската метропола. Користењето се плаќа по минута, паркирањето е бесплатно.

Пионерот на слободното изнајмување на возила од јуни ја проширува понудата на речиси целата територија на Лондон. Car2go, како што се нарекува услугата на Daimler и Europcar, стартуваше во декември во областите Ајлингтон и Сатон. Од следниот месец возилата ќе бидат достапни и во Вимблдон, Рејнс Парк, Ричмонд, Саут Ламбер, Саут Саутворк и Кројдон. Петстотините возила Smart ќе може да се измајмат и бесплатно да се паркираат на кое било слободно паркиралиште во овие области. Во Ајлингтон и Сатон може да се користат дури и паркиралиштата што се резервирани за жителите.

Full-Res-car2go-0001

Со овој потег, car2go реагира на растечкиот интерес на граѓаните на Лондон за иновативниот начин на превоз на територијата на градот. Користењето на возилата е мошне едноставно. Откако ќе се регистрираат за услугата, членовите на car2go можат да ги лоцираат најблиските слободни возила преку интернет страницата, преку мобилна апликација или едноставно со наидување на слободно возило на улица. Корисниците добиваат картичка, со која што возилото се отклучува откако ќе ја постават истата врз читачот под ветробранот .

Full-Res-car2go-0022

Користењето по минута чини 35 пени, односно 25 денари, кои што се наплаќаат директно на сметката на корисникот. Во цената се вклучени горивото, осигурувањето, патарината, паркингот и сервисирањето на возилото. Корисниците можат да го користат возилото во неограничено време и колометража и по користењето да го остават на кој било паркинг.

Возилата се smart mhd, што значи дека располагаат со автоматизиран менувач, старт-стоп, навигација и клима уред. Поради исклучително компактните димензии, возењето и маневрирањето се лесни, а и кабината поседува високобезбедносна структура.

Full-Res-car2go-0025

Услугата car2go моментно е достапна во 19 градови низ целиот свет. Лондон е втор англиски град со оваа услуга, по Бирмингем, каде што car2go стартуваше во минатиот мај. Компанијата има 375.000 клиенти во светот и располага со преку 7.300 возила. Досега се регистрирани повеќе од девет милиони изнајмувања на возилата на car2go во сите градови.

[box type=”note” ]Петте едноставни чекори за користење на car2go:

  • Чекор 1: Регистрација – Возачите се регистрираат на интернет страницата car2go.com. По проверката на валидноста на возачката дозвола се испраќа корисничка картичка преку пошта, во рок од три до пет работни денови. Со корисничката картичка се пристапува до сите возила на територијата на Лондон.
  • Чекор 2: Лоцирање возило – Најблиското слободно возило се лоцира преку интернет страницата, преку мобилна или таблет апликација, односно преку апликација на facebook. Возилото може да се користи спонтано, без резервација, како и со претходно најавување преку интернет или мобилен.
  • Чекор 3: Отклучување на возилото – Картичката се поставува врз читачот под ветробранот и вратите се отклучуваат. По внесувањето ПИН на екранот во возилото и по пријавувањето на состојбата на возилото, се отклучува касетата во која што се наоѓа клучот за возилото.
  • Чекор 4: Возење – Возилото може да се користи во неограничено време и километража, без претходно утврдено време или локација за враќање на возилото.
  • Чекор 5: Завршување на возењето – Возилото се остава на кој било слободен јавен паркинг на територијата на која што е достапна услугата. Наплатата е по минута, по цена од 25 денари, која што се одбива од кредитната или дебитната картичка по напуштањето на возилото. Не се наплаќа дополнително за гориво, паркинг, одржување или осигурување.[/box]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi се откажува од електричните верзии на A1 и A8

Кинеските купувачи на луксузни возила се помлади од европските