за

Во Будимпешта се отвори првиот Mini Bar во светот

„Храна, пијалоци, музика и Mini“ е понудата на првиот Mini Bar во светот, кој неодамна се отвори во унгарската престолнина, паралелно со лансирањето на новата генерација на Mini.

MINI BAR BUDAPEST се наоѓа во самото срце на Будимпешта, пред катедралата Свети Стефан, како идеална локација за ноќниот живот во градот. „Ноќниот живот е клучен елемент на Mini и обратно. Отсега тоа важи особено во Будимпешта“, изјави Бодоан Денис, менаџер на марката на унгарскиот пазар.

Барот е плод од соработката на увозникот на Mini во Унгарија со сопственикот Балаш Гупчо. „Гостите веднаш ќе го препознаат Mini во секој детал“, изјави Гупчо, кој има долгогодишно искуство во менаџирањето со трендовски барови и ресторани. Исто како Mini, барот е со мали димензии и полн со интересни детали, нудејќи атмосфера што се помни. Додека диџејот пушта кул музика, во барот се сервираат специфичен „фингерфуд“ и коктели што се уникатни за Mini.

Менаџерот на Mini Bar потпаднал под треската на британската култна марка пред десетина години, откако седнал зад воланот на Mini Cooper S. „Оттогаш постојано се продлабочуваше љубовта кон Mini и сега мојот бизнис е повран со Mini“, додава Гупчо. Во секој случај интересна идеја што може да се примени со секоја друга марка и во секој град каде што постои заедница на обожуватели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светските авто-гиганти ги финансираат партиите, а кај нас?

Новиот Fiat Ducato се оддава на технологија, штедливост, противвредност