Во градот на автомобилите, како што Volkswagen го нарекува својот дом во којшто ги пречекува купувачите и љубителите на марките од концернот, утрово е испорачан првиот примерок од освежената генерација на Golf.
Сопственик на возилото е Салваторе Ди Бари од Волфсбург, кој клучевите ги доби од Франческо Форте, раководител на менаџмент на клиенти во „Аутоштат“. Првиот испорачан модел од освеженото годиште на Volkswagen Golf поседува 1,4-литарски TSI со 125 КС, во комбинација со највисокото ниво на опрема Highline и каросерија лакирана во црна боја со бисерен ефект.
Од денес, „Golf Update“ е изложен во салоните на марката во Германија, а наскоро следува и македонската премиера.
















