за

Воспитна мера за брзите возачи со објавување на Фејсбук

Германското гратче Абенсберг ги воспитува прекршителите во сообраќајот со објавување на фотографиите направени од радарите на сопствениот профил на Фејсбук. Граѓаните се бесни.

Познато е дека полицијата го користи Фејсбук за споредување на фотографиите направени од радарите со фотографиите на профилот на прекршителот. Но, полицијата во германското гратче Абенсберг најде нови начини за користење на големата социјална мрежа. Градот секој месец ќе објавува на својот профил на Фејсбук фотографија од прекршителите во сообраќајот со најголемо пречекорување на брзината за тој месец, направени од радарите. Замислено е тоа да функционира како превентивна мерка.

„Овој Audi е измерен со 96 km/h (при дозволени 50 km/h). Со казна во висина од 250 евра и еден месец забрана за возење, овој возач од Регенсбург го претставува врвот на сообраќајните прекршоци во септември“, пишуваат од градот Абенсберг на нивниот профил, покрај фотографијата што уредно е објавена со датум и точна локација.

Регистерските таблички и лицето на возачот се сокриени на сликата, но во град со 13.000 жители, колку што има Абенсберг, лесно може да се открие кое е возилото – по впечатливите бандажи, на пример. Најостри реакции за воведената воспитна мера доаѓаат од сопствениците на скапите и тјунираните автомобили, кои што се ретки и впечатливи, односно лесно се препознаваат на фотографиите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Opel ја презема Русија

Автомобилот од „Казабланка“ се наддава за 500.000 долари