за ,

Возењето со овие модели е најевтино

Цената на возилото не е единственото што решава дали некој автомобил е евтин или скап. Клубот ADAC ги зеде во предвид потрошувачката, осигурувањето и сервисирањето за да ги одреди најевтините автомобили во сите класи.

Поевтино од Seat Mii со погон на метан не вози ниту еден друг автомобил. Шпанскиот брат на Volkswagen Up е најевтиниот автомобил според пресметката на трошоците од страна на клубот ADAC. Еден километар возење со Mii чини 27,3 центи, односно нешто помалку од 17 денари. Покрај оперативните трошоци и амортизацијата, во предвид се земени и осигурувањето и трошоците за сервисирање. На второто и третото место во класата на најмалечките се рангирани конструкцискиот близнак Skoda Citigo и Kia Picanto со погон на автогас.

Во повисоката класа не се вози многу поскапо. Шампион во штедливост во класата на градските автомобили е Mitsubishi Space Star 1.0 со 28,7 центи за километар (17,6 денари), пред Dacia Sandero во верзијата LPG и Kia Rio со дизелскиот мотор од 1,1 литар. Меѓу компактите е најевтина Dacia Logan MCV 16V 75 Essential со 30,7 центи (18,8 денари). Двете следни места исто така и припаѓаат на романската ќерка на Renault, со моделите Dacia Dokker и Dacia Lodgy.

Најевтин за возење кај престижните модели е Audi Q7 3.0 TDI, но со речиси едно евро за секој километар тој е двојно поскап од моделите од средната класа
Најевтин за возење кај престижните модели е Audi Q7 3.0 TDI, но со речиси едно евро за секој километар тој е двојно поскап од моделите од средната класа

Автомобилскиот живот е значително поскап од средната класа па нагоре. Најевтино е со Skoda Octavia 1.2 TSI која за секој километар бара по 40,2 центи (24,6 денари), а потоа следат Nissan Qashqai и Kia Sportage. Од чешката марка нема поевтино и една класа погоре, каде што врвното место за штедливоста и припаѓа на Skoda Superb Combi 1.6 TDI Greentec Active, со 49,5 центи (30,3 денари). Следните две места им припаѓаат на Mitsubishi Outlander и Ssangyong Rodius.

Трошоците се удвојуваат во високата класа. Тој што сака да штеди кај престижните модели е најдобро да избере Audi Q7 3.0 TDI Quattro Tiptronic. Еден километар со големиот спортски теренец чини 95 центи, односно 58,2 денари. Малку е поскапо со дизелската верзија на Porsche Cayenne, додека класата R на Mercedes е на третото место.

Како основа за пресметката на ADAC се предвидува период на поседување на возилото од четири години и 15.000 километри годишно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Белата е најпопуларна боја во 2013 година

Range Rover за шофери и клаустрофобични милионери