за

Возачите на Honda и Toyota се најзадоволни од сервисите

Европските марки имаат причина за паника. Возачите на јапонските марки дадоа највисоки оцени за нивните сервиси и за услугата што ја добиваат во салонот.

Според резулатите од последната студија на ADAC за задоволството на клиентите, Honda, Toyota и Mitsubishi сигурно ги држат првите три позиции според тоа колку клиентите ги ценат нивните сервиси. Особено е голем напредокот на Honda, која во минатата година беше само на единаесеттото место. Второпласираната Toyоta во 2012 година се најде на петтото место, додека Mitsubishi се искачи за една позиција во однос на лани.

Ланскиот шампион во оцената на сервисирањето, Volvo, го оваа година е на петтото место, а BMW, исто така поранешен шампион, сега се најде на четвртото место. При оценувањето на марките, германските марки предничат и натаму. BMW е на првото место, втор е Audi. Но, Јапонците се искачуваат и во ова оценување. Honda е веднаш зад Германците.

Јапонските марки можат да бидат задоволни и од тоа како клиентите ги оценуваат одделните модели. Toyota Aygo е на третото место во класата на најмалечките, зад Volkswagen Up и smart fortwo. Кај градските автомобили води Mini, пред Audi A1 и Honda Jazz. Средната класа очигледно им припаѓа на Германците. На првите три места се Audi A5, серијата 3 на BMW и Audi A4, но затоа Toyota Avensis го дели третото место со лимузината од Инголштат. Avensis лани беше на шестото место.

Во вишата средна класа најдобар според сопствениците е Audi A6, пред серијата 5 на BMW и Skoda Superb. Audi A6 може да се пофали и со највисоки вредности на искажано задоволство на клиентите. Резултатите во компактната класа, која што е од стратешко значење на повеќето производители, покажуваат најголемо задоволство кај Audi A3, серијата 1 на BMW и Volkswagen Golf. Тука Јапонците заостануваат? Далеку од тоа, Toyota Auris е на четвртото место, веднаш зад Golf.

Најдобри марки според сервисирањето

1 Honda
2 Toyota
3 Mitsubishi
4 BMW
5 Volvo
6 Mercedes
7 Suzuki
8 Renault
9 Citroen
10 Audi
11 Smart
12 Mazda
13 Dacia
14 Nissan
15 Ford
16 Skoda
17 Mini
18 Kia
19 Peugeot
20 Opel
21 Hyundai
22 Volkswagen

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes G-Class: Расте продажбата на теренскиот олдтајмер

50 години на Mazda Luce: Светло во средната класа