за

Возачите на BMW прават најмногу прекршоци во сообраќајот

Возачите на автомобили од скапите марки се однесуваат дрско во сообраќајот. Тоа не е предрасуда, туку е резултат од една американска студија.

Студија спроведена во САД ги потврди предрасудите што важат за возачите на Porsche, BMW или Mercedes. Тие се однесуваат дрско во сообраќајот и не ги почитуваат правилата. Појдовна основа за анализата спроведена под раководство на Пол Пиф од Универзитетот Калифорнија беше едноставно прашање: Која социјална класа помалку ги почитува моралните норми, високиот или нискиот слој? Дел од седумте категории што беа разгледувани во анализата го опфати и однесувањето на возачите во сообраќајот.

Аналитичарите прво го следеа однесувањето на возачите на пешачки премин. Тие оценуваа како се однесуваат возачите кога тест-лицето стапнуваше на преминот преку улицата. Резултатот: Осум од десет возачи ги почитувале правилата и запирале пред пешачкиот. Никој возач на автомобил од компактната или ниската класа не ги прекршил правилата. Според Пиф, „возачите на BMW се најлоши.“

Наспроти претпоставките, возачите на хибридни возила исто така не се однесуваат секогаш коректно во сообраќајот, како што би можело да се очекува од грижата кон животната средина што тие ја искажуваат со изборот на возило. Сопственик на Toyota Prius „покажува тенденција да ги прекршува правилата почесто отколку другите“, заклучува студијата.

Сликата се повторила и на оптоварена крстосница на која што правото на предимство е регулирано со сообраќајни знаци. Марката и состојбата на возилото, исто како и приближната возраст на возачот, биле земани во предвид и во овој случај. Се покажало дека возачите на автомобили од повисоките класа почесто ги занемарувале сообраќајните знаци и не го почитувале правото на предимство на другите возила.

И во обете разгледани ситуации се покажало дека дамите почесто сопираат за да ги пропуштат пешаците отколку мажите – исто како и тоа дека возачите од обата пола запираат пред дамите почесто отколку пред мажите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен моноцикл за акробати

Соларен панел против празнење на акумулаторот