Големите имиња во доставата на домашна адреса нема да замижат пред овој автомобил. Електромобилот Twizy се нуди и во верзија како доставно возило – и делува како магнет за погледите
Тоа што ја разликува доставната од стандардната изведба на малечкиот автомобил со погон на струја на Renault е задната врата за пристап до багажникот, односно користењето на просторот за задното седиште како товарен простор. Багажникот има зафатнина од 156 литри и собира две гајби пиво еднододруго. Товарниот простор е со површина од 55 х 50 сантиметри, а во висина оди до 95 сантиметри.

Француската цена на верзијата со моќност од 5 КС и крајна брзина од 45 km/h изнесува околу 8.000 евра, односно 700 евра повеќе за посилната верзија со 18 КС и 80 km/h. Пренамената во товарно возило не влијае врз автономијата на Twizy. Исто како стандардниот двосед, доставната верзија минува 100 километри со полни батерии. Околу 60 проценти од купувачите на електричниот автомобил на Renault се професионални корисници на возилото.