Конзорциум од претпријатија од енергетиката најавува масовно зголемување на бројот на станици на кои што електричните автомобили ќе можат да ги наполнат батериите во австриската престолнина.
Австрија ќе го реши најголемиот проблем со кои што се соочуваат колите на батерии, отсуството на доволно широка инфраструктура од полначи за струја. Производителите го одложуваат воведувањето на електричните автомобили поради неразвиената инфраструктура, и обратно, фирмите од енергетиката не поставуваат полначи затоа што нема доволно автомобили што ќе ги користат. До 2015 година само во Виена ќе се постават 300 нови станици за полнење на батериите, дополнително на постоечките сто станици. Уште сто други полначи ќе се постават на целата територија на државата.
Во изградбата на мрежата учествуваат електростопанството на Виена, производителот Schrack и фирмата за обработка на податоци NTT Data. Вкупната инвестиција за стоте станици за полнење изнесува 1,5 милион евра, при што секоја станица чини во просек по 3.600 евра. Најскапи се станиците за брзо полнење кои чинат до 30.000 евра и за секои 10 минути полнење ги полнат батериите со енергија за 10 километри возење. Поевтините полначи чинат само неколку стотини евра.
Полнењето на батериите ќе биде едноставно како подигнување пари од автомат со картичка. Трошоците за струја ќе се одбиваат квартално од сметката на корисниците.