Дванаесет милиони посетители доаѓаат годишно во дворецот Версај во непосредна близина на Париз, да уживаат во глетката и во спокојот. За тоа да не се наруши, 23-те службени возила се на струја.
[one_half]Дворецот Версај е светска знаменитост, еден од најголемите зданија во Европа и меѓу врвите достигнувања на европската уметност на изградба на дворци. Бесконечните градини се подеднакво впечатливи и отсега може во мир и спокој да се ужива во нивната убавина.
Дваесет и трите службени возила, кои што ќе се користат за разновидните работи околу градините и парковите се околу 350.000 дрвја и 300.000 цвеќиња, дојдоа од Renault и работат на батерии. Градинарите, на пример, ги користат примероците од електричниот Kangoo, додека вработените во обезбедувањето ги имаат малечките Twizy, со кои имаат брз пристап насекаде. Во дворецот се поставени дури 30 полначи за струја, за да се избегнат непотребни возења од една до друга станица.[/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]