Вака изгледа производствената мрежа на Volvo по преселбата на S90 во Кина

Volvo ја објави стратешката одлука за зајакнување на улогата на фабриките во Кина во глобалната производствена мрежа. Во иднина, производството на знаменосецот S90 ќе се пресели од Европа во Кина, но и идната серија „40“ ќе добие дополнителна поддршка од кинеските фабрики.

Шведската марка има амбициозен, но и потенцијално остварлив план да достигне годишна продукција од 800.000 возила до крајот на декадава. Како дел од стратегијата, фабриките на Volvo во Кина добиваат позначајна улога во снабдувањето на светскиот пазар.

При претставувањето на верзијата на S90 со продолжена каросерија за локалниот пазар и на нејзината ексклузивна изведба S90 Excellence, Volvo објави дека фабриката во Дакинг на северот на Кина во иднина ќе го преземе европското производство на S90.

Посебна фабрика во Кина за секоја серија модели на Volvo

Постоечките модели од серијата 60, исто како и нивните наследници базирани на платформата SPA од серијата 90, ќе се произведуваат во Ченгду, во Западна Кина, додека новата серија 40 изработена врз платформата CMA ќе се произведува во фабриката што моментно е во изградба во Лукиао, на 350 километри јужно од Шангај.

Pretproizvodstvo na Volvo S90 vo Daqing

Со ова растоварување на производствената мрежа и стратешката распределба на трите моделски серии во три посебни фабрики во Кина, Volvo многу полесно ќе реагира на побарувачката на пазарот и на промените во истата.

Новата марка Lynk & Co. ќе се произведува заедно со серијата 40 во Лукиао

Во фабриката на холдингот Geely во Лукиао, кој воедно е сопственик на шведската марка, ќе се произведуваат моделите од новата серија 40, но и автомобилите за новата марка Lynk & Co, којашто Geely ја лансираше во октомври.

Фабриките во Кина стануваат составен дел од глобалната производствена мрежа на Volvo. Шведската марка моментно произведува во две фабрики во Европа, во Шведска и во Белгија. Погоните во Гетеборг ќе продолжат со производство на серијата 90 и ќе ја преземат и новата серија 60, додека компактните модели од новата серија 40 ќе се произведуваат во фабриката во Гент, којашто ќе биде специјализирана за новите компакти на Volvo.

Во тек е изградба на фабрика Volvo во Јужна Каролина, САД, кадешто исто така ќе се произведуваат сериите 60 и 90 за локалните пазари и за извоз.

[FAG id=26113]

Претходна објаваTUV го објави списокот на најиздржливи и најрасипливи автомобили
Следна објаваОвие модели се најиздржливи според извештајот на TUV

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here