„Сноуден“ откри дека британските разузнавачи анализирале лица и уреди преку нивните iPhone и iPad, чиишто податоци потоа биле разгледувани преку софтверски имплантат.
Уникатната идентификација на уредот (UDID) на iPhone и iPad играла важна улога во идентификацијата и следењето лица од страна на британската разузнавачка служба GCHQ. На ова укажува нов документ на Сноуден. Уникатната и постојана идентификација на уредите со iOS се користи од многубројни апликации и може да се користи за следење, како и за поврзување со други лични податоци, како на пример „колачиња“, објавува GCHQ. Идентификаторот се користи и од рекламните мрежи како Admob, заради препознавање на одделните уреди преку нивните апликации.
Покрај следење на iPhone во реално време, UDID служи и за идентификација на уредите за одреден напад. Преку слаба точка во PDF во верзијата на Safari за iOS е можно на следените уреди да се инсталира софтвер наречен „Warriorpride“, наведуваат од GCHQ. Овој напад е насочен особено кон iOS 3.1.2, 3.1.3 и 4.0.1 и очигледно дека за тоа барало „Jailbreak“. Успешното вметнување на „имплантатот“ овозможува читање на адресарот, листата на повици, СМС пораките, историјата на прегледникот, пребарувања и навигациските карти, како и на „некои фотографии“.
Документот открива дека имплантатот може алтернативно да се префрли на целниот уред, кога истиот се синхронизира на компромитиран компјутер преку iTunes. Во тој случај исто така се користел UDID заради проверка дали одреден iPhone се поврзува со манипулиран десктоп компјутер. Apple го коментираше извештајот за софтверски имплантат од NSA во iPhone од пред една година дека никогаш не соработувале со американската тајна служба и немаат сознанија за таков вид на „тројанци“ во iPhone.
Документот на GCHQ датира од ноември 2010 година. Со iOS 5 во 2011 година, Apple започна да го ограничува користењето на UDID од апликациите, а од iOS 7, ID на оперативниот систем е сокриен од апликациите. Идентификаторот за реклами, за разлика од UDID во секој момент може да се исклучи од корисникот, преку местењата во заштита/реклама.
















