за

Брзината не им помага на криминалците во Дубаи

Полицајците во Емиратот Дубаи ќе го одржуваат редот со Lamborghini Aventador. Автомобилот ќе се користи првенствено на главните туристички локалитети и околу крајбрежната резиденција Џумеира. Но, Aventador не е прво возило од овој вид.

Најлуксузните и најскапоцените автомобили се редовна појава на улиците на Дубаи. Жителите на Емиратот сакаат да парадираат со нивните автомобили. Сега и полицијата ќе може да ужива во тоа.

Идејата е на овој начин да се потенцира луксузот и добродостојбата во Дубаи. Зелено-белиот полициски автомобил е симбол за економското заздравување на Емиратот по финансиската криза од 2008 година.

Не е познато дали полицијата самата го набавила автомобилот или се работи за подарок од производителот. Во секој случај се работи за одлична реклама за Lamborghini, особено во Емиратите, како еден од најголемите пазари на марката.

Полицискиот возен парк во Дубаи досега се состоеше од германски лимузини и јапонски теренци. Од неодамна возниот парк е освежен и со Chevrolet Camaro. Тој ќе брка главно по автопатиштата.

Освен во Дубаи, полициски возила на Lamborghini се возат и во Болоња. Во 2009 година, италијанската марка испорача две парчиња од Lamborghini Gallardo за јавната служба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јајцемобил од иноваторите на Hyundai

Теренец во семејството модели DS