Брачен пар обвинет за тргување со тајна технологија на GM

Поранешна инженерка на GM и нејзиниот сопруг продавале тајни за хибридна технологија и му овозможиле на кинескиот производител Chery да развие конкурентски модел со штедливиот погон.

Шаншан Ду била вработена во одделението за напредна технологија во General Motors во 2002 година. Инженерката ископирала 16.262 документи за хибридни возила на преносен диск во февруари 2005 година, пет дена по нејзиното отпуштање. Осумнаесет од ископираните документи содржеле тајни информации.

Во ноември истата година, против Ду биле поднесени три обвиненија за неовластено располагање со тајни информации. На брачниот пар му се заканува затворска казна во траење од осум до 10 години. Судот во Детроит ќе решава за обвиненијата во вторник.

Претходна објаваПРВО ВОЗЕЊЕ: CHEVROLET TRAX
Следна објаваДесет степени на пренос и дизел со 136 КС по литар работна зафатнина од VW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here