за

Бензинец со скромност на дизел: Ford Focus

Под волшебната граница од 100 грами CO2 на километар во компакт класата одат само дизелите, хибридите и електричните автомобили. Ford Focus е првиот бензинец што се вмеша во ова ексклузивно друштво.

Од почетокот на следната година Ford ќе нуди особено штедлива и еколошка изведба на моделот Focus. Со гуми со намален отпор, оптимирана аеродинамика на каросеријата и продолжен преносен однос во петстепениот менувач, според фабричките норми компактот ќе троши 4,3 литри бензин на сто километри, што одговара на емисија на СО2 од 99 грами на километар.

За погон се грижи докажано штедливиот трицилиндарец 1.0 Ecoboost, кој со директно впрскување и турбонатполнење постигнува моќност од 100 КС. Освен во комбилимузинска изведба со три врати, штедливиот Focus ќе се нуди и како лимузина и комби.

Најштедлива верзија и натаму е Focus Econetic со 1,6-литарски дизел со 105 КС, кој според фабрика троши 3,4 литри дизел на сто километри. Во моделската понуда во ЕУ веќе е пуштена и верзијата на Focus со погон на струја, со цена од околу 40.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку заработуваат производителите од едно возило?

Bosch разви електронска спојка