Автомобилите во сребрена и црна боја долго време доминираат во уличната слика. Од оваа година една друга боја го презема приматот меѓу најпопуларните бои кај новите автомобили.
Купувачите на нови возила во 2013 година беа едногласни на глобално ниво. Секое четврто ново возило продадено во оваа година било со бела боја на каросеријата. Тоа го покажува статистиката на американскиот производител на бои PPG Indistries.
Кај другите бои се јавуваат поголеми разлики на регионално ниво. Американците и Азијците најчесто се решаваат за сребрениот или црниот лак, додека кај Европејците црната боја е на второто место со 19 проценти, а сивата на третото со 15 проценти. Потоа на глобално ниво следат црвената и сината боја. Начително помала популарност ужива зелената боја. Само два процента од новите возила продадени во оваа година во Европа биле лакирани во зелена боја, а интересот за оваа боја е мал и на глобално ниво.
Експертите на PPG Industries предвидуваат дека од 2016 година ќе дојде до значително зголемување на бројот на возила лакирани во розова, виолетова и златна боја. Интересот за овие бои ќе се зголемува особено на кинескиот и корејскиот пазар. Предвидувањата за следната година се поумерени. Кај најпопуларните бои нема да дојде до поголеми промени, но затоа ќе се зголеми учеството на возила со сина каросерија.