за

Безшумни гуми од Continental

Покрај звукот од моторот и струењето на ветрот, трет најголем извор на бучава при возењето се гумите. Continental разви нова техника за автомобилски гуми што го прави возењето уште потивко.

Гигантот Continental разви безшумни гуми за патничките автомобили. Со помош на слојот од пена од внатрешната страна на газечката површина, бучноста во кабината се смалува и до девет децибели. Новата техника може да се примени кај сите гуми од сериско производство и не влијае врз возните својства.

Првите автомобили што излегуваат од фабрика со овие гуми се спортските модели на Audi, RS6 и RS7. Во иднина тивките гуми ќе бидат достапни и во други димензии, односно за други модели. Производителот не открива колку ќе бидат поскапи гумите со новата техника.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трицилиндарски турбо со 115 КС за Opel Adam

Сопствениците на електричниот Nissan добиваат бесплатно кола за на одмор