за

Амфибиски автобус на редовна бродска линија во Хамбург

Германскиот пристанишен град Хамбург летово доби нова туристичка атракција. Автобус-амфибија петпати дневно сообраќа по градските улици, за турата потоа да ја продолжи по реката Елба. За два месеци оваа единствена атракција ја искусија над 6.000 патници.

Фред Франкен цели осумнаесет години се подготвувал да ја оствари идејата за автобус-амфибија, откако за првпат видел слична атракција во Сингапур. Од пред два месеци, речниот автобус е реалност во пристанишниот град Хамбург и петпати во денот ги носи туристите на 70-минутна прошетка, којашто се состои од нормално возење околу речните канали низ градот, за веднаш потоа автобусот да се пушти во полчасовно пловење по Елба. Ова е засега единствениот автобус-амфибија што е пуштен во редовен сообраќај во Германија.

Возилото со непропустлива каросерија е изработено врз камионска шасија од MAN, додека надградбата е дело на унгарската фирма Swimbus. Како голем ентузијаст за автобуси и агент за бродски сообраќај, Франкен морал да се соочи со неколку пионерски предизвици при реализацијата на идејата. Во четирите години од започнувањето со проектот, најголем проблем претставувало регистрирањето на возилото, затоа што сообраќајните закони во земјата не предвидуваат амфибиски возила.

Во првите два месеци, овој необичен автобус-брод веќе има превезено над 6.000 патници. Кај туристите постои голем интерес за оваа атракција, но и не само кај нив. Фирмата доби нарачки за уште дваесетина амфибиски автобуси.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Која е оваа Lada што сите ги остава вчудовидени?

Вака се развиваше безбедноста: Од Seat 600 до Ibiza со 6 воздушни перници