за

Американците учат штедење: Пикапот Ram1500 со дизелски мотор

Штедливите дизели полека стекнуваат популарност во САД. Chyrlser за прв пат го нуди огромниот пикап Ram 1500 со дизел. Тоа е воопшто и прв американски пикап со дизел.

Трилитарскиот турбодизел доаѓа од американскиот специјалист за мотори VM Motori и ослободува 240 КС. Производителот не ги открива податоците за потрошувачката, но дизелот сигурно ќе биде неспоредливо поштедлив од 3,6-литарскиот бензинец со шест цилиндри кој досега беше вообичаена погонска единица во пикапот. Автоматски менувач со осум степени се подразбира. Разликата во цената со бензинскиот модел изнесува 2.850 долари. Chrysler е во сопственост на Fiat, и преку своите марки, главно преку Jeep, моментно е единственото што му носи профит на италијанскиот производител.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Себастијан Леб е новиот крал на Пајкс Пик

Култната марка TVR се враќа со нови модели