за

Американците попрво ќе купат кола од Apple отколку од авто производителите

Агенцијата KPMG направи темелно истражување за тоа дали американските возачи би купиле автомобил што вози самостојно и од која марка би бил тој автомобил

Автомобилите што возат самостојно сé уште се музика од иднината и студијата на KPMG не е толку репрезентативна, поради тоа што беше спроведена меѓу 32 возачи, но изненадувачкиот резултат би требало да ги загрижи производителите на автомобили.

Технолошките гиганти пред авто производителите

Производителите на автомобили работат под полна пареа на развој на автономни коли – по примерот на интернет гигантот Google. Но, на оваа тема купувачите повеќе им веруваат на технолошките фирми. Анкетираните во студијата на KPMG имаа задача да ја оценат нивната доверба во разни фирми на скала од еден до десет. Резултатот: Технолошките фирми постигнаа чиста осумка, а премиум автомобилските марки 7,75. Сите други производители на автомобили претрпеа пораз со оцена 5. Според тоа, анкетираните Американци попрво би се решиле да купат автомобил што вози самостојно од Apple или Google, отколку од производителите на автомобили.

Според студијата, интересот за автономното возење е најголем кај сопствениците на скапи автомобили од премиум сегментите. Тие и денес користат во нивните автомобили бројни безбедносни и комфорни тенологии, што го заменуваат возачот.

Покрај тоа, самовозечките автомобили побудуваат особен интерес кај возачите што патуваат на подолги релации до работното место. Овие очекуваат дека технологијата од иднината ќе им овозможи покусо и порелаксирано патување до работа и назад. За повеќето анкетирани е сепак најважно да можат во секое време да ја преземат контролата над возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Reboot Buggy: Оваа кола нема ништо, а има сé

Range Rover Sport најбрз во „Празната четвртина“