за

Акциите на Tesla пораснаа за преку 600 проценти

Вредноста на специјалистот за електрични автомобили во минатата година се зголеми шестпати. Tesla Motors вреди 30 милијарди долари – повеќе од половина од вредноста на гигантот General Motors.

За дванаесет месеци, вредноста на калифорниската компанија Tesla Motors порасна за 619 проценти. Таква експлозија на вредноста на акциите на автомобилски производител не се помни во последните 20 години. Пазарната вредност на Tesla порасна на 31 милијарди долари, односно 23 милијарди евра – што е повеќе од половината од вредноста на гигантот General Motors.

Во минатата година Tesla продаде 22.400 примероци од електричниот седан Model S, а за оваа најавува започнување на изградба на најголемата фабрика за батерии во светот, во соработка со гигант во индустријата на батерии, веројатно Panasonic. Целта е со масовното производство да се намали цената на батериите. Во фабриката ќе се вложат четири до пет милијарди долари. Кога таа ќе почне да работи со полн капацитет во 2020 година, Tesla очекува годишно да произведува половина милион автомобили. Во масовната продукција е планирано да учествува и новиот модел, што со цената ќе биде споредлив со хибридните автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиера на CarPlay: Apple во секој автомобил

Jeep Renegade: Шпагети теренец