за

Ако Mini не го прави, ќе го направат Австралијците

Откако BMW го презеде Mini не недостигаа пари за Британците да изведат дузина варијанти од култното автомобилче. Една верзија сепак изостана – Багито го прави една фирма од Австралија

Нема покрив, нема врати, нема ниту грижи. Багијата од 1960-те и 1970-те години се најсилното отелотворение на автомобилската слобода. Еден од најпопуларните модели од тоа време сега доживува повторно враќање на сцената, Mini Moke. Гледано однадвор, новиот Moke е верна копија на стариот. Единствената разлика е во тоа што возилото не е Mini. Поради заштитените права, ретро багито не смее да го носи култното име. Но, тоа не менува многу, на автомобилчето не му недостига ниту грам од шармот на оригиналот.

Mini Moke имаше и улога во  филмскиот серијал за Џејмс Бонд во 1970-те години, во „Live and let die“
Mini Moke имаше и улога во филмскиот серијал за Џејмс Бонд во 1970-те години, во „Live and let die“

Откако BMW не пројави интерес да го произведува необичниот автомобил за забава, едно претпријатие од Австралија со име Moke International се повика да го врати во живот возилото што прв пат возеше пред половина век. Дизајнот на каросеријата во најголемиот дел е идентичен, но моторот, подвозјето и безбедносната опрема потекнуваат од денешницата. Двоседот долг три метри добива погон од еднолитарски бензинец со 50 КС, што е доволно за 110 километри на час.

Продажбата во Европа ќе стартува во втората половина на 2014

Moke не е автомобил за секој ден, туку е првенствено замислен како автомобил за уживање и за плажа, за возење по бескрајните пространства на хотелите и ресортите. Првата генерација на Mini Moke се произведуваше под лиценца во Австралија до 1990-те години и достигна култен статус. VW Buggy и Citroen Mehari останаа во сенка и нивниот успех остана ограничен на САД и Јужна Европа.

Moke International ќе стартува со продажба на багито до крајот на годинава во Австралија, Тајланд, Сејшелите и Маурициус. Цените уште не се објавуваат, но веќе е произведена првата серија од 1.000 примероци. Од втората половина на 2014 година Moke ќе почне да се продава и во Европа. За подоцна Австралијците најавуваат и електрична верзија на багито. Со полни акумулатори eMoke ќе вози до 120 километри со крајна брзина од 60 километри на час.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германците плаќаат во просек 36.500 евра за нов автомобил

Mitsubishi L 200 е најдобар пикап според Auto Bild Allrad