Во пост-воената Јапонија главната мака на тогашните инженери била изворот за енергија која ќе ги движи идните возила. По поразот во втората светска војна сојузничките сили со сите напори атакувале на подемот на Јапонците, најверојатно познавајќи ја нивната уникатна карактеристика да се справат со проблемите и да продолжат уште посилни од порано, нешто што е во генот на овој горд и работлив народ. Еден од начините бил и ограничувањето на количините на фосилно гориво. Ова секако не ги блокирало Јапонците во развојот на државата туку напротив како да ги стимулирало дополнително инженерите на Nissan Motor и поранешната аеронаутичка компанија со ново име Prince Motor, па во 1947 година го произвеле единственото логично решение, возилото Tama EV прадедото на Leaf EV. Остатокот од приказната ќе го дознаете доколку го погледнете интересното видео каде што господинот Масахико Исобе, дел од тимот за реставрација на Nissan, ја раскажува целосната приказна со многу љубов и скоро манијакален пристап кон деталите.
Прашањето:
– Дали производителите треба да се насочат целосно кон развивање на возила на алтернативен погон, или треба да продолжат да го усовршуваат погонот на фосилни горива?