за

Академски хакер го проби кодот на Lamborghini

Сакате да возите Lamborghini, Porsche или Bentley? Нема проблем. Англиски научник планира да ги објави кодовите што ќе им ја олеснат секојдневната работа на крадците на автомобили. Volkswagen тужи.

Крадците на автомобили може да добијат алатка со која што без проблем ќе си грабнат кој било Porsche, Audi, Bentley или Lamborghini. Научник од Универзитетот Бирмингем планираше да објави како го има пробиено системот на кодовите за стартување на возилата од овие марки што вредат стотици илјади евра.

Но, како што пишува британскиот „Гардијан“, доцентот по информатика Флавио Гарсија не смее да го објави овој систем на симпозиумот Usenix Security во Вашингтон што треба да се одржи во средината на август. Концернот Volkswagen, на кого му припаѓаат четирите скапи марки, поднесе тужба против Гарсија и уште двајца криптографи пред суд во Британија.

Имобилизаторите за Porsche и другите благородни марки дејствуваат преку безбедносен систем кој што го препознава идентитетот на клучот за возилото. Алгоритамот на чипот Megamos Crypto ги создава кодовите што се разменуваат преку радио врска меѓу автомобилот и клучот. Во публикацијата под оригинален наслов „Dismantling Megamos Crypto: Wirelessly Lockpicking a Vehicle Immobiliser”, Гарсија и коавторите Барис Еге и Роел Вердулт сакаа да ги објават и пробиените кодови. Математичките методи врз кои што се базираат неговите анализи се достапни на интернет уште од 2009 година.

Секако дека гигантот Volkswagen не остана рамнодушен на плановите на научникот. Концернот од Волфсбург стравува дека објавувањето на публикацијата „ќе им овозможи на рафинираните криминални банди да располагаат со вистинскиот алат за пробивање на безбедносната бариера и за кражба на возилото“. Истата технологија се користи и во возилата од другите производители, што значи дека буквално секое возило од новите генерации е во опасност. Автокатите на Германците побараа од научниците во нивната публикација да ги изостават кодовите, но научниците не го прифаќаат тоа.

Флавио Гарсија и неговите колеги од Универзитетот Стихтинг тврдат дека тие се „одговорни и праведни академици, кои што одговорно и праведно ги спроведуваат своите истражувања“. Нивната цел е да поттикнат поголема безбедност на возилата, а не да им обезбедат помош на криминалците. Јавноста има право да биде информирана за пропустите во системите во кои што сите веруваат. Во спротивно, „само индустријата и криминалците ги знаеле за пропустите во безбедносните системи, но не и јавноста.“

Судијата на Вишиот суд на правдата на Англија и Велс во Лондон ја подржи аргументацијата на тужителот Volkswagen: „Академиците имаат право да го објават својот научен труд. Но, во овој случај тоа би значело олеснување на кражбата на возила. Одлуката на судот беше донесена уште пред три недели, но јавноста дури сега дозна за неа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cadillac најавува луксузна лимузина за 2015

Јапонските олдтајмери добиваат на цена