Автопроизводителите лани инвестирале 52 милијарди евра во развој

porsche mission e

Светската автомобилска индустрија во минатите години значително ги зголемила инвестициите во фабрики, истражување и развој. Додека во 2010 година биле инвестирани 15,3 милијарди евра, лани сумата достигнала дури 52 милијарди евра.

Во последните пет години, производителите на автомобили на светско ниво значително ги зголемиле своите инвестиции. Наспроти 2010 година, кога глобалните инвестиции достигнале 15,3 милијарди евра, лани во производствени капацитети, истражувачки центри и во други подрачја биле вложени дури 52 милијарди евра. Во разгледуваниот временски период, нивото на инвестиции се зголемувало постојано, со исклучок на 2013 година, кога е забележан негативен тренд. Лани, зголемувањето на инвестициите во однос на 2014 година изнесувало близу 50 проценти.

Главната причина за големото трошење на светско ниво е солидното развивање на автомобилскиот пазар. Производителите сега располагаат со средства за долгорочни инвестиции. Најмногу се вложува на двата најголеми пазари за автомобили во светот, во Кина и во САД. Индустријата настојува да го покрие интересот со изградба на локални производствени капацитети. Само во минатите пет години, во овие две земји биле инвестирани над 45 милијарди евра. На третото место е Германија, со 21 милијарда евра. Тоа повторно ја докажува германската индустрија како влијателен играч на глобалниот пазар.

Од 16-те најголеми автомобилски концерни во светот, во минатите пет години Volkswagen инвестирал најмногу во развој. Гигантот од Волфсбург вложил 35,1 милијарди евра во развој, следи Fiat Chrysler со 24 милијарди, Daimler е на петтото место со 17,5 милијарди евра, додека BMW е на осмото место со 8,4 милијарди евра.

За следните години се очекува уште поголемо ниво на раст на инвестициите, првенствено во електричнот погон. Спортската марка Porsche, на пример, планира да вложи 700 милиони евра во матичната фабрика во Цуфенхаузен, во произодството на електричниот автомобил со 600 КС на база на концептот Mission-E. Покрај тоа, ќе се инвестира и во новите подрачја, дитигализација и технологија за автономно возење.

Претходна објаваHonda Civic пристига како прототип на салонот во Женева
Следна објаваБразилскиот Ka ќе биде новиот основен модел на Ford?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here