Во летниве жеги, тешко дека постои подобар автомобил од Panther WaterCar – и подобар глисер. Ова е амфибија на четири тркала, автомобил на копно, глисер во вода.
Фирмата Fountain Valley Bodyworks почна да работи на нивниот автомобил што ќе се движи и по земја и по вода уште во 1999 година. По безброј часови минати во стегање завртки и потчукнувања со чекан, по долга низа успеси и уште подолга низа неуспеси и по 27 пријави на патент, трудот конечно се исплатеше. Panther WaterCar е готов за продажба!
Однадвор амбифијата потсеќа на Jeep, а под хаубата работи 3,7-литарски мотор од Honda, кој е задолжен на асфалт да обезбеди крајна брзина од околу 130 километри на час. Вистинската возбуда следува дури откако Panther без потреба од запирање и подготовка ќе се пушти директно во вода, по што следува ставање на менувачот во празен од, подигнување на тркалата со притискање на копче и вклучување на водомлазниот погон. Во тој случај се вози максимално со 70 километри на час.
Сите замисливи и незамисливи активности на вода се одобрени од страна на производителот, од скијање, тркање со јахта, рибарење, па дури и лов на патки. Вградените материјали се отпорни на корозија, што овозможува возилото да се користи и во солена вода. Во поглед на законските норми, WaterCar е опремен и со светла за возење по улица и со светла за навигација, така што може да се регистрира и како пловило и како автомобил. Во Калифорнија не е потребна посебна дозвола, таму секој може да управува со брод со должина до 15 стапки, односно нешто помалку од 5 метри.